Disclaimer: The material in this print-out relates to the law as it applies in the state of Victoria. It is intended as a general guide only. Readers should not act on the basis of any material in this print-out without getting legal advice about their own particular situations. Victoria Legal Aid disclaims any liability howsoever caused to any person in respect of any action taken in reliance on the contents of the publication.

We help Victorians with their legal problems and represent those who need it most. Find legal answers, chat with us online, or call us. You can speak to us in English or ask for an interpreter. You can also find more legal information at www.legalaid.vic.gov.au

Read about our reduced hours over the holiday period.
Contacting us over the holidays.

Macedonian/Македонски

Macedonian/Македонски – Како можеме да ви помогнеме со правни проблеми

Како можеме да ви помогнеме со правни проблеми

Оваа информација е составена на земјиштето Wurundjeri.

Оваа информација е точна од јануари 2022.

Правните проблеми можат да ве направат да се чувствувате под стрес, вознемирени, тажни или лути. Ние разбираме дека можеби ќе се чувствувате така кога ќе нe контактирате. Ние можеме да ви помогнеме со вашиот правен проблем.

Како да ни кажете за вашиот правен проблем

Има три начини на кои можете да ни кажете за вашиот правен проблем. Можете:

  • Да се јавите во Legal Help на 1300 792 387
  • Да ни пишете онлајн користејќи го нашиот веб разговор (webchat)
  • Да ја посетите една од нашите канцеларии.

За да се припремите, приберете било какви документи во врска со вашиот правен проблем. Документот може да биде казна или писмо или имејл од суд, адвокат или полиција.

1. Јавете се во Legal Help

Можете да се јавите во Legal Help на 1300 792 387. Службата Legal Help е отворена од понеделник до петок, од 8ч наутро до 6ч попладне. Затворена е за време на државни празници.

Цената на повикот е иста како и на локален телефонски повик.

Секој може да се јави во Legal Help.

Доколку се јавите во Legal Help можеби ќе треба да почекате на линија. Доколку можете, јавете се рано наутро.

Можеби услугата ќе биде побрза доколку го користите веб разговорот (webchat).

Дали може да зборувам на мојот јазик?

Нашите вработени зборуваат многу јазици. Доколку не го зборуваме вашиот јазик, ќе организираме преведувач кога ќе ни се јавите.

Дознајте дали го зборуваме вашиот јазик (speak your language).

Дали може некој друг да се јави во мое име?

Да. Работник или лице за поддршка на кое му верувате може да ни се јави во ваше име. Најдобро е да бидете со вашиот работник или лицето за поддршка кога ќе ни се јават. Работниците треба да ги следат инструкциите на телефонското мени.

Дали може да ја користам Телекомуникациската услуга за лица со оштетен слух (National Relay Service)?

Да. Постојат различни опции:

Speak and Listen: јавете се на 1300 555 727 потоа јавете се на 1300 792 387

  • Internet Relay: одете на nrschat.nrscall.gov.au потоа јавете се на 1300 792 387
  • SMS Relay: испратете смс порака на 0423 677 767
  • Видео Relay: користете Skype или апликацијата National Relay Service.

Морате да се регистрирате за службата National Relay пред да ја користите.

2. Пишете ни на веб разговорот (само на Англиски јазик)

Користете го нашиот веб разговор, наречен Разговор за правна помош (Legal Help Chat), за да им испратите порака на нашите вработени за вашите правни проблеми. Нашите вработени ќе ви одговорат на пораките. Тие можеби ќе ви речат телефонски да се јавите на Legal Help доколку ви треба повеќе помош.

3. Посетете не

Можете да ги посетите нашите канцеларии. Ние имаме канцеларии во Мелбурн и регионална Викторија. Дознајте каде имаме канцеларии (where we have offices).

Ќе треба да закажете за да разговарате со адвокат.

Нашите канцеларии имаат пристапни рампи или лифтови и кучињата-водич за слепи се добрредојдени.

Што ќе се случи кога ќе не контактирате

Ние ќе ве прашаме прашања. Ова ќе ни помогне да одлучиме каква помош може да ви понудиме.

Се што ќе ни кажете е доверливо. Ние нема да му кажеме на никого што ќе кажете, освен ако ни речете тоа да го направиме.

Ние можеме да ви помогнеме со многу правни проблеми. Доколку не можеме да одговориме на вашите прашања, ќе ви дадеме контактни податоци на некој што ќе може тоа да го направи. Тоа може да биде правен центар во заедницата или приватен адвокат.

Како може да ви помогнеме

Правна информација и совет

Можеме да ви кажеме за законите и вашите опции.

Ние исто така можеби ќе можеме да:

  • ви испратиме информации
  • зборуваме со вас пред суд
  • ве поврземе со други служби за поддршка
  • пишуваме писма
  • зборуваме за вас на суд.

Ова зависи од:

  • вашиот правен проблем
  • колку пари имате.

Можеби ќе можеме да ви дадеме повеќе помош доколку:

  • имате потешкотии да зборувате на Англиски јазик
  • имате инвалидност или проблеми со менталното здравје
  • сте Абориџин или од островите на Торес Теснецот (Torres Strait).

Ние можеме да ви организираме поддршка да комуницирате со нас, како преведувачи или Телекомуникациска услуга за лица со оштетен слух (the National Relay Service).

Ние можеме да комуницираме со вас на начини кои вам ќе ви бидат корисни.

Кажете ни како би сакале да ви ги дадеме информациите.

Duty lawyers (дежурни адвокати)

Нашите duty lawyers (дежурни адвокати) работат во судови низ цела Викторија. Тие помагаат со некои правни проблеми. Тие можеби ќе можат да ви помогнат на самиот ден на судот доколку се уште немате адвокат. Доколку одите на суд и немате адвокат, прашајте го судот дали може да зборувате со duty lawyer (дежурен адвокат). Можете исто така да прашате за други услуги кои можат да ви помогнат.

Доколку одите на Магистратен Суд (Magistrates’ Court) поради тоа што полицијата рекла дека сте го прекршиле законот, можеби ќе можете да зборувате со duty lawyer (дежурен адвокат) пред да одите на суд. Дознајте повеќе за нашата служба Help Before Court service.

Доколку одите на Суд за Семејно Право (Family Law Courts), можете да зборувате со нашите служби Family Advocacy and Support Services пред да одите на суд.

Другa поддршка

Ние можеме да ви дадеме другa поддршка за вашиот правен проблем.

Службата Independent Mental Health Advocacy може да ве поддржи доколку имате задолжително лекување за ментално здравје.

Нашата служба Independent Family Advocacy and Support може да даде поддршка на родители или на примарни негуватели во почетните фази на системот за заштита на деца.

Доколку вие и вашиот партнер се разделувате, нашата служба Family Dispute Resolution Service може да ви помогне да постигнете договор. На пример, кој ќе се грижи за децата.

Најдете повеќе информации за вашиот правен проблем

Нашата веб страница (website) има информации за многу различни правни проблеми.

Можете да зумирате на веб страницата или да користите програма за читање на екран (screen reader).

Дали имате информации кои лесно се читаат (easy read) или на мојот јазик?

Ние имаме бесплатни брошури на некои правни теми на различни јазици и лесно читливи (easy read).

Можете да ги најдете нашите брошури на нашата каталог страница (catalogue page).

Можете да користите програма за читање на екрани за да ги читате нашите објави.

Признанија

Нашите Shared Experience and Support и Speaking from Experience групи помогнаа да се напише оваа страна.

Publications and resources

Updated

Legal Help Chat